Насловна / Вести / Највисокиот глечер во светот за една година губи количеството мраз што се формирало со децении

Највисокиот глечер во светот за една година губи количеството мраз што се формирало со децении

Студијата на меѓународна експедиција, предводена од истражувачи од Универзитетот во Мејн, покажа дека глечерот на Монт Еверест брзо се топи, поради климатските промени предизвикани од човекот. Наодите на тимот, објавени во списанието Nature Portfolio Journal Climate and Atmospheric Science, откриваат дека сега, за само една година, највисокиот глечер во светот го губи количеството мраз за кое биле потребни децении за да се формира.

glecer2

Новото истражување е дел од тимот на National Geographic и Rolex Perpetual Planet Everest Expedition, кој има мисија да го истражи влијанието на климата на непалската страна на Хималаите. За да ја истражат причината и временската рамка за време на која глечерот изгуби значителен дел од својата ледена маса, истражувачите користеле податоци од метеоролошки станици и примероци од мраз, како и фотограметриски и сателитски снимки и други достапни записи.

Нивните набљудувања покажуваат дека ниту прастарите глечери на покривот на светот не биле поштедени од глобалното затоплување. Мразот на глечерот Јужен Кол, на кој му биле потребни две илјади години за да се формира, изгубил голем дел од својата маса во последните 25 години, а пресметките покажуваат дека се стопил 80 пати побрзо отколку што се формирал.

glecer1

Причината за забрзаното топење на мразот, кое се засили во последните години, лежи во тоа што долгорочниот тренд на топење на снегот го разоткри мразот на глечерот. Снегот нормално функционира како еден вид заштитна покривка за глечерите и поради својата бела боја рефлектира голема количина на зрачење назад во вселената. Сега кога малку потемната површина на долгорочниот мраз е изложена, тоа создава услови за многу побрзо топење од претходно.

Авторите се загрижени дека забележаните промени потенцијално би можеле да влијаат на водните ресурси во регионот на Хималаите, бидејќи глечерите складираат големи количини вода. Намалувањето на капацитетот на овие природни резервоари за вода би влијаело на изворите и водотеците од кои зависат повеќе од милијарда луѓе.

glecer

За алпинистите, оваа стапка на топење и ледената маса значи дека тие би можеле да наидат на повеќе карпести терени на нивниот пат отколку порано, но исто така постои загриженост дека повлекувањето на мразот би го отворило патот за уште повеќе лавини.

Научна студија од највисоката точка на светот покажува дека глобалното затоплување влијае дури и на најскриените делови на земјата и дека глечерите, без разлика каде се наоѓаат, би можеле да исчезнат побрзо отколку што може да се пресмета.

Испрати коментар

Scroll To Top