Саудиска Арабија ги прави последните подготвовки пред почетокот на изградбата на највисоката зграда во светот „Кингдом Тауер“ во Џеда, која ќе биде висока точно еден километар. Планирано е изградбата да започне наредната недела откако Консултантската компанија АЦТС ќе заврши со тестирање на материјалите за изградба на облакодерот.
Според најавите на инвеститорот, проектот ќе го чини 1,23 милијарди американски долари. Во објектот ќе се вградат 80.000 тони челик. Темелите на кулата ќе влегуваат 60 метри под земја, а со оглед на тоа што ќе се наоѓа многу блиску до морскиот брег, дизајнирана е да ги издржи и агресивните влијанија на солената вода. Зградата треба да има 200 ката и единствен панорамски поглед кон Црвеното Море. Моментално највисока зграда во светот е „Бурџ Калифа“ во Дубаи која е висока 823 метри.