Насловна / Архитектура / Највисоката зграда во Јапонија ја достигна целосната височина

Највисоката зграда во Јапонија ја достигна целосната височина

Кулата наречена A District, за која проектот е потпишан од компанијата Pelli Clarke & Partners, се наоѓа во центарот на Токио и е дел од комплексот од три облакодери проектирани од ова студио од САД за инвеститори од компанијата Mori.

Japonija

Моментално се уште во изградба, кулата деновиве ја достигна целосната висина и веќе може да се претпостави како ќе ја комплетира панорамата на главниот град на Јапонија.

Со висина од 330 метри, Tower A District ја презема титулата за највисока зграда во Јапонија од Abeno Harukas, зграда висока 300 метри лоцирана во Осака и исто така проектирана од Pelly Clarke & Partners, која е изградена во 2014 година, пишува Dezeen.

Japonija1

“Од нашите три згради на оваа локација, главната кула е веројатно најдоминантна на хоризонтот. Тоа е првото нешто што посетителите ќе го видат кога ќе влезат во Токио“, рече Фред Кларк, виш директор во Pelly Clarke & Partners.

Идниот округ Торонамон-Азабудаи, во кој се наоѓа и највисоката кула во Јапонија, ќе се простира на осум хектари и ќе вклучува две помали кули, како и пергола покриена со зеленило проектирана од студиото Хедервик.

Зградата, чија изградба почна во 2019 година, се очекува целосно да биде завршена во 2023 година, а ќе има голем деловен простор, луксузни станбени простори, медицински и истражувачки центри, како и образовни објекти и продажни простори.

Japonija2

Деловниот простор ќе зафаќа 204 илјади квадратни метри и ќе се простира на 45 ката чија внатрешност е поставена без употреба на столбови, додека на последните 11 ката од кулата ќе бидат сместени 91 луксузна станбена единица.

Во кулата ќе бидат сместени и образовни центри, како што е Британското училиште во Токио, а во кампусот на осум ката ќе бидат сместени 700 странски студенти.

Japonija3

Универзитетскиот центар за превентивна медицина Кеио, како и медицинската установа за лекување и истражување, ќе бидат лоцирани на петтиот и шестиот кат на кулата.

Архитектите објаснија дека структурата ќе користи системи кои ќе придонесат за отпорност на земјотреси, вклучувајќи генератор и системи за итни лифтови за да се обезбеди безбедност на присутните во кулата.

Интересно е тоа што во 2021 година, Sou Fujimoto Architects и компанијата Mitsubishi, Jisho Sekkei, претставија проект за кула висока 390 метри, исто така во Токио, а доколку се изгради, зградата наречена Torch Tower ќе го надмине A District за дури 60 метри.

Japonija4

Испрати коментар

Scroll To Top