Насловна / Вести / Највисоката ветерна електрана се гради во Германија, на поранешен рудник за јаглен

Највисоката ветерна електрана се гради во Германија, на поранешен рудник за јаглен

Дрезденската инженерска компанија Gicon, положила камен темелник за ветерна турбина со највисок столб на светот. Ова градилиште е на околу 130 километри јужно од германската престолнина, во лужичкиот регион за јаглен, поточно на локција на поранешен рудник за јаглен. Вкупната височина на овој агрегат, мерено до врвот на лопатката во вертикална положба е 364 метри.

Треба да се напомене дека некои од главните глобални производители сепак имаат концепции, конструкции и прототипови за поголени вкупни височини. Но, од друга страна , во тие случаи станува збор за ветерни турбини на море, чии столбови се вкопани во дното, па еден дел им е под површината на морето.

 

Испрати коментар

Scroll To Top