Две згради близначки, од по 56 ката ќе се градат на улицата каде што се наоѓаат пет историски зачувани згради на Сингапур. Планираното завршување на проектот наречен „Avenue South Residences“ се очекува во 2026 година. Проектот го направи компанијата ADDP Architects од Сингапур, која вели дека ќе му оддаде почит на наследството на градот, а во исто време ќе го воведе и концептот за футуристичко-еколошки свесно модерно домување.
Кулите ќе се карактеризираат со одржливост, пристап до зелен простор и иновативни PPVC (монтажни волуметриски структури). Поради најнапредниот пристап кон одржливата конструкција на ППВЦ, 80 отсто од секој модул ќе биде креиран вон локацијата, по што ќе се достави до градилиштето и ќе се составува на самото место.
„Avenue South Residences“ формира инклузивен заеднички простор како оаза опкружена со зачувани дрвја. Всушност, овој проект ја зачувува природата и зелените области во животната средина. Фасадите на кулата се карактеризираат со едноставни и остри линии, додека во одредени делови може да се видат „зелени џебови“ или тераси со засадени дрвја и растенија, за да се создаде визуелна врска со природата. Одржливоста се рефлектира и во интеграцијата со зелениот простор на градот, како и преку обезбедувањето на здраво и еколошко животно искуство.
Фасадата која е свртена кон железничкиот коридор се карактеризира со надворешен вертикален зелен ѕид со растенија кои ползат. Создавајќи урбан јавен парк, комплексот е влез во соседната мрежа на железнички коридори. ADDP Architects ги интегрираше постојните сочувани згради во концептот „Зелени конектори“, со цел да се охрабри употребата на одржливи начини на транспорт. Енергетската ефикасност се обезбедува со поставување кули на начин што ја оптимизира изложеноста на сонце и протокот на воздух. Тие се наоѓаат зад старите четирикатни блокови и се поставени така што ќе го минимизираат неговото влијание врз животната средина.