Насловна / Архитектура / Највисоката кула во Австралија доби зелено светло за градба

Највисоката кула во Австралија доби зелено светло за градба

Проектот „Саутбанк“ од Мелбурн доби одобрение за реализација, односно за изградба што треба да почне следната година. Тоа е кула висока 365 метри која ќе биде највисоката во Австралија. Оваа зграда ќе зафаќа површина од 270 илјади квадратни метри и всушност ќе биде вертикално село. Ќе се наоѓа во округот Саутбанк каде се наоѓа и БМВ. Проектот е направен од холандската фирма UNStudio и локалната Cox Architecture.

kula
Откако ќе почне овој преокт да се реализира, ќе има вработување во градежниот сектор (проценето на околу 4.700), додека 3.250 работни места ќе бидат создадени во разни индустрии по изградбата. Од компанијата Beulah која го води проектот, велат дека овој нов центар ќе му помогне на идниот развој на Мелбурн и неговата визија да стане интелигентен град на глобално ниво.
Филип Роу, директор на Cox Architecture, вели дека овој концепт ќе помогне да се откријат некои од заборавените потенцијали, да се подобри урбаната атмосфера, како и да се поврзат предградијата со центарот на градот Мелбурн. Архитектонското и културното влијание што овој проект ќе го има врз Мелбурн, несомнено, ќе постави репер и на локално и на глобално ниво.

kula1
„Саутбанк“ беше замислен како вертикална мини-метропола. Оваа висока кула ќе се истакне на градското небо. Објектот има станбени единици, јавни и зелени места, кровна градина, градско собрание, трговски удобности, урбано одморалиште со пет ѕвезди, детски центар, здравствени и велнес центри, уметности и културни програми и продажни места.
При дизајнирање, архитектите се воделе од  називот „Гарден Сити“ за Мелбурн и, според тоа, создале две искривени терасовидни кули со серија надворешни простори и зеленило долж фасадите. Покрај тоа, малите паркови што ќе бидат „влезени“ ќе бидат централни пунктови во целата зграда, поврзувајќи ги деловите во внатрешноста на кулата.

kula2

Испрати коментар

Scroll To Top