Зграда „Mjostarnet“ во Норвешка е прогласена за највисока дрвена зграда во светот од страна на Советот на високи згради и урбана средина (CTBUH). Се наоѓа во Брумндалд, регион на Норвешка, познат по шумарството и преработката на дрвната индустрија, и на работ од најголемото езеро во земјата.
Овој објект со мешовите употреба достигнува вкупна висина од 85,4 метри и претставува пресвртница во одржлива градба. Висината не е толку импресивна, кога ќе се спореди со други објектѕи кои не се од дрво, но во споредба со оние од дрво, секако, дека е највисоката кула, а досега ма тоа место беше „Брок комонс“ од 53 метри.
Планот бил „Myostarnet“ да биде висока 81 метри, но на крајот било одлучено да се зголеми затоа што изведувачот бил во можност да го стори тоа. Обликот на дрвените греди на врвот на зградата се сменил од правоаголни до заоблени и зградата станала 4,4 метри повисока.
Суштината била да се воспостави добра „врска“ меѓу горните катови кои се изложени на поголем ветер и пониските делови од зградата кои би требало тоа да го ублажат. Извршниот директор на Moelven LimTrä, кој бил одговорен за изградба, објаснува дека со заоблување на гредите на врвот на кулата се намалила силата на ударот на ветерот и на тој начин успеале да стигнат до саканата висина.
„Mjostarnet“ има вкупно 18 ката и над 11.300 квадратни метри површина. Содржи станбени и деловни простории, хотел, ресторан и базен. За изградбата се користени glulam – дрвени греди, столбови и дијагонали на повеќе „дрвени ламинации“, кои се поврзани заедно со силно лепило отпорно на влага и вкрстено ламелирано дрво за лифтовите, скалите и за подот.
Работите за изградба почнаа во април 2017 година, а зградата е отворена на 15 март оваа година.