Дизајнерското студио Ballymore создадоа транспарентен базен ,,во воздухот”, кој што претставува првиот базен од ваков тип во светот. Тој е поставен на висина од 10 ката помеѓу две згради за домување и целиот е обложен со стакло со дебелина од 20 сантиметри со погледи кон лондонските улици. Целата базенска структура е транспарентна и без дополнителна конструкција на која што истиот ќе се потпре. На местата каде што се протега базенот се поставени програми од типот отворен бар, спа центар, оранжерија и драматични погледи кон палатата Westminister.