Дизајнерот Михал Сташко комплетно ја редизајнира киносалата во словачкиот град Шаморик водејќи се од една идеја: да биде што е можно поудобно. Класичната сала за проекција од 300 седишта, претворена е во живописен простор со околу 100 „лејзи бегови“ кои се групирани во боксови, така што во филмовите може да се ужива во парови.
За разлика од конвенционалните седишта групирани во монотони редови, во овој театар се шарени удобни легла, кои овозможуваат големо задоволство за гледачите, бидејќи тие ќе се чувствуваат како дома.
Целиот дизајн на ентериерот се базира на производи на компанијата Tuli, пишува Contemporist.
Воден од дизајнот на „лејзи бегови“, Сташко звучната изолација и проблемот со акустика ги решил на исто толку креативен и разнобоен начин. Целата површина на ѕидовите е обложена со панели, односно со материјал од кој се направени и овие „лејзи бегови“.