Фотографот Goncalves низ својот фотообјектив започнал да ја открива убавината на влезните врати на различни објекти ширум светот.
Својата колекција понатаму ја проширува и со прозорци, а од фотографиите изработил прекрасни колажи.
Инаку, Goncalves е португалски компјутерски инженер, а резултатите од својата работа неодамна ги презентирал под темата „Вратите на светот“.
„Често мислиме дека вратите се само практични нешта, но овој проект треба да нè потсети дека вратите не служат само за затворање и отворање – тие се тука за да им се восхитуваме“, вели фотографот.
Галеријата опфаќа фотографии од Шпанија, Романија, Португалија, Англија, Италија…