Есента е омиленото годишно време за љубителите на природата, но е и време кога го подготвуваме домот за да можеме малку почесто да се повлекуваме во него и да уживаме во собните растенија.
Тие внесуваат топлина во просторот и го збогатуваат ентериерот, но некои форми и бои на листовите можат да го подобрат чувството на есенска удобност. Доколку барате растенија со најубави есенски тонови и меки форми, еве неколку предлози.
Калатеа
Калатеа е прекрасно собно растение, сите нејзини сорти се привлечни, а „ѕвечарката“ калатеа (Goeppertia insignis) е едноставно фасцинантна.
Ова растение е толку впечатливо што не можете а да не го гледате, бидејќи изгледа како уметничко дело. Овие растенија имаат впечатлив изглед со цврсти листови и карактеристични дамки на нив. Виолетовата долна страна на нивните лисја совршено се вклопува со есенската палета на бои.
Се советува внимателно наводнување, не треба ниту да се претерува ниту да се занемари – секогаш проверувајте ја почвата со допирање за да бидете сигурни дека е време за нова „доза“ вода.
Кралска бегонија
Есента е совршено време да додадете повеќе боја во вашиот дом, особено во просториите кои немаат доволно природна светлина. Собните растенија со црвена боја на листовите, како што е кралската бегонија, даваат можност да внесете живи нијанси во просторот. Ова растение треба да се третира како сукулентите.
Залевајте ги темелно, а потоа оставете ја почвата речиси да се исуши пред следното залевање. Обезбедете им јака, но индиректна светлина, како што е прозорец свртен кон исток или запад.
Аспарагус папрат
Не заборавајте да додадете неке растение со меки лисја за да создадете попријатно чувство во ентериерот. Аспарагус папратот е совршен избор, бидејќи има нежни и меки листови кои додаваат допир на софистицираност на секој простор. Папратите не бараат толку грижа како што изгледаат. Никогаш не дозволувајте да се исушат целосно и тие ќе бидат среќни.