Во продолжение на серијалот посветен на најубавите напуштени места во светот, ви ја претставуваме подводната статуа на Исус која се наоѓа во морските води покрај италијанскиот град San Fruttuoso.
Оваа статуа позната под името Christ of the Abyss буди страхопочит, како поради својата величина така и поради тоа што се наоѓа на 17 метри под површината на водата.
Кипот на ова место е поставен на 22 август 1954 година, а на копно за првпат бил изваден во 2003 година поради реставрација, по што повторно е вратен во морето.
Ова не е единствениот ваков кип во светот, една негова копија е сместена во морето покрај главниот град на Гренада, додека другата копија е сместена во водите на самиот брег на Флорида.