Во продолжение на серијалот посветен на најубавите напуштени места во светот, ви го претставуваме таканаречениот Градски Храм – Angkor Wat кој е познат како најголем верски објект во светот.
Овој храм се простира на, дури, два квадратни километри и првенствено претставувал хиндуистички храм.
Во текот на XIV и XV век, овој храм бил преобразен во будистички храм и така останува сè до денешен ден. Надворешниот ѕид е долг 1.025 метри, широк 805 метри а висок 4,5 метри, а околу него се наоѓа 30-метарско отворено поле.
На средината се наоѓаат пет кули кои ги претставуваат петте планини. Со текот на годините храмот станал симбол на Камбоџа, па така тој е претставен и на нејзиното знаме.
Вредноста на овој храм одамна е препознаена и од страна на УНЕСКО, со што го има вброено во листата на светското културно наследство.