Насловна / Архитектура / Најубавите куќи се во Латинска и Средна Америка – CH73 House во Мексико

Најубавите куќи се во Латинска и Средна Америка – CH73 House во Мексико

Мексиканското архитектонското биро LBR&A го реализираше проектот наречен CH73 House во Мексико Сити, резиденција изградена на долга и релативно тесна парцела која се стреми кон клисура, со намера да ги „разбие наметнатите парадигми на изградба“.

3

Имено, поради ваквата топографија, еден дел од куќата е препуштен конзолно, не само затоа што не можело поинаку, туку според замислата на клиентите, брачен пар во пензија, кој сакал нов дом, контра на архитектурата што преовладува во населбата Bosques de las Lomas.

1

2

НЕПЛАНСКИОТ РАЗВОЈ ГО ДЕГРАДИРАЛ ОПКРУЖУВАЊЕТО

Природното опкружување на оваа населба е сериозно деградирано поради непланскиот развој. Според архитектите, флората и фауната се десеткувани, а бројните непропусни површини, како што се бетонски поплочувања, не дозволуваат дождовницата да допре до земјата.

„Во овој контекст, куќата CH73 е родена како самоодржлив предлог кој ги разбива наметнатите парадигми на изградба во оваа област“ – изјавија од бирото за Dezeen.

14

Покрај загриженоста за одржливоста, проектот го насочувале уште неколку услови, како што е постоењето на ѕидан потпорен ѕид висок 30 метри, кој е изграден пред околу пет децении.

Проектантите го конципирале проектот во форма на двокатна зграда со правоаголна основа, каде што долното ниво има бетонски ѕидови, а горното челична рамка.

На челичните конструктивни елементи нанесена е темна восочна патина за да се поттикне „доброто однесување  во тек на стареењето“.

8

4

ДНЕВНА СВЕТЛИНА И ПОГЛЕДИ НА ПЕЈЗАЖОТ

Едната страна на куќата се протега во континуирана должина од 20 метри над локацијата, а благодарение на префабрикуваните компоненти, овозможено е да се заврши овој потег со конзола без да се предизвика оштетување на пејзажот.

30

Обработката на фасадата на куќата сегментно се разликува, па така делот што е свртен кон улицата е целосно затворен и обложен со мермер Arabescatto Orbico, додека задниот дел од куќата е во голема мера транспарентен и со своите стаклени ѕидови внесува дневна светлина во просторот, а овозможува непрекинат поглед на пејзажот.

6

Со вкупна површина од 1.023 квадратни метри, куќата е микс од дневни и приватни простори распоредени на две нивоа.

Горното ниво ги содржи влезната зона, заедничките простории и главната спална соба, додека на долниот дел се гаражата, теретаната, базенот, бањата и техничка просторија.

„Просторите се флексибилни и лесно може да се прилагодат на променливите потреби на клиентите“ – објаснуваат мексиканските архитекти.

28

15

ГЕОТЕРМАЛНИ ШИПОВИ

Во ентериерот може да се види доста гранит на подот, како и мермерни ѕидови и алуминиумски композитни тавански плочи.

Куќата е проектирана да биде net-zero во однос на потрошувачката на енергија. Применети се пасивни стратегии, како оптимална ориентација и природна вентилација, а електричната енергија се обезбедува со соларни панели и геотермални шипови.

11

10

Во склоп на куќата е инсталиран систем за прочистување на отпадните води, кој потоа се користиат за наводнување на имотот и околното земјиште.

„На овој начин, дождовницата се инфилтрира во почвата за да ги подобри условите на локалната флора и фауна, особено во блиската шумска област која е погодена од човечки активности“, велат од LBR&A.

23

Проектот вклучувал и санација на околниот пејзаж, а тимот засади ендемични видови како што се грмушка тепозан, борот Монтезума и стебла авокадо. Исто така, спасени се дрвјата кои природно растеле на локацијата.

29

22

21

20

19

18

16

13

12

9

7

01

02

03

04

Испрати коментар

Scroll To Top