Насловна / Архитектура / Најубавите куќи се во Латинска и Средна Америка – Casa Enso II во Мексико (ВИДЕО)

Најубавите куќи се во Латинска и Средна Америка – Casa Enso II во Мексико (ВИДЕО)

Мексиканска рурална куќа проектирана од бирото HW Studio Arquitectos со канцеларии во Мексико и во Валенсија, обликуванa e со камени ѕидови за да биде „културен израз“ во регионот Guanajuato во Мексико.

1

Наречена Casa Enso II, издолжената куќа сместена е на поетски рурален пејзаж во регионот, каде што пејзажот ја надополнува ниската куќата со текстури и карактер.

4

Куќата, опишана како „конструктивен идентитет“, е завршена по опсежно историско истражување, „Заклучено е дека има неколку места во Мексико со ваков силен идентитет како Guanajuato“, велат од бирото и додваат: „Ова јасно се рефлектира во неговата архитектура, кујнските садови, аквадукти, легенди, дури и во неговите херои како Pípila, кој носи огромна карпа на грбот за да не стигнат куршумите на конзервативците до неговиот полк“.

3

Иако зградата е опкружена со дебели камени ѕидови блиска е до теренот, овие камени ѕидови формираат продолжение на куќата и ги претвораат програмските елементи на куќата во препознатливи карактеристики.

Како што објаснуваат архитектите, камениот материјал е елемент длабоко вкоренет во секоја форма на културен израз во овој регион. Од овие причини, архитектите претпочитале да изберат локално достапен камен за куќата, додека, исто така, целта им била да создадат „архитектонско парче“ кое природно ќе се вклопува.

5

За време на изградбата, проектантите го минимизирале влијанието врз животната средина со материјали што може да се добијат од блиските места и да се искористи локалната работна сила.

Според архитектите, куќата требало да биде во дијалог меѓу уметноста и нејзината околина.

Целиот комплекс во основа е поделен во форма на крст. Обликувана е во четири квадранти со вкрстување на камени улички, уличките ги дефинираат и патеките, врамувајќи ги сите моменти и одвојувајќи ги квадраните еден од друг.

2

Откако се поделени, бирото на секој од овие квадранти му доделил нмена. На пример, долниот десен квадрант, првиот, го означува влезот на жителите.

Неговата задача е да вдоми ендемска градина која ги зајакнува, штити и ги поздравува живите суштества и луѓето.

6

Во вториот квадрант се сместени автомобилите. За време на изградбата се внимавало на дрвјата, бидејќи тие обезбедуваат сенка за заштита на автомобилите од јакото сонце.

Дополнително, долг камен ѕид го штити влезот, го затскрива погледот внатре во куќата и го нагласува хоризонталното присуство на планината во позадина.

13

Во третиот квадрант се наоѓа куќа со една спална соба. Јавните простори се одделени од приватните со еден волумен кој содржи бањи, гардероба и сервисен простор.

Последниот квадрант формира истакнат вертикален елемент на предната фасада кој служи за канцелариски простор. Овој вертикален елемент е во контраст со хоризонталноста на пејзажот и останатите елементи, велат од бирото.

14

Канцеларискиот волумен, исто така, сака „со овој гест да флертува со иконичните волумени на Santa Brígida mine во Mineral de Pozos. “.

„Дисперзијата на овие простори принудува на постојан аџилак меѓу просторите“, велат од бирото.

„Тоа прави да дојдете во контакт со земјата, воздухот и планината, како да е древен манастир, врамувајќи го пејзажот, но во исто време претставува негов природен дел“, додаваат проектантите.

15 11 12 9 7 8 17 18

Испрати коментар

Scroll To Top