Насловна / Архитектура / Најубавите куќи се во Јужна Америка: White Bricks House го одразува карактерот на Бразилија

Најубавите куќи се во Јужна Америка: White Bricks House го одразува карактерот на Бразилија

Бразилското архитектонско биро BLOCO Arquitetos направиле втора кожа од бели тули за куќа во Бразилија, Бразил.

6 (2)

Наречена White Bricks House, куќата од 600 квадратни метри трага по белата боја, која е доминантна надворешна боја што го сочинува карактерот на Бразилија.

1 (1)

White Bricks House е изградена со употреба на занаетчиски потези и детали реализирани од ѕидари-занаетчии, што претставува бавен и прецизен процес.

Ниската куќа се состои од неколку дневни и спални соби со пространа дневна област, распоредени во основа во форма на латиничната буква L, со поглед на голема зелена површина и полуолимписки базен на југоисточната страна.

2 (1) 3 (1)

„На значајните јавни згради во Бразилија белата е доминантна надворешна боја, без разлика дали станува збор за обоени површини или облоги. Затоа може да се каже дека белата боја е, важен ‘архитектонски елемент’ во Монументалната оска во Бразилија“, велат BLOCO Arquitetos.

5 (1)

„Поради се ова, одлуката куќата да се обои во бела боја произлезе од идејата да се присвои оваа карактеристика на градот. Исто така, белата боја функционира и како заеднички ‘јазик’ кој ги обединува различните материјали во објектот, како што се бетон, ѕид, метал и полни тули“, додаваат од бирото.

4 (1)

Според архитектите, процесот на изградба на оваа куќа денес не е многу распространет во Бразилија, бидејќи употребата на изложени полни тули зависела од конструктивната сложеност.

Процесот изискувал прецизност и конструктивна префинетост, елементи кои се мошне присутни во најрепрезентативните јавни згради на Бразилија.

7 (1)

Куќата е изградена во станбен комплекс во населбата Lago Sul, проектантите ја дистрибуирале програмата околу периметарот на парцелата, така што сите главни простории можат да гледаат кон централната област, со голема зелена површина и полуолимписки базен.

8 (1)

Спалните соби, дневните соби, терасите, кујната, па дури и гаражата насочени се кон големата градина која функционира и како централно пацио. Фасадите се прекриени со надворешен слој од бели тули. „Различните степени на транспарентност се формираат од променливото растојание помеѓу тулите“, објаснуваат од бирото и додаваат: „Нивото на видливост низ тулите ги одразува различните нивоа на приватност пожелни за секоја соба. ‘Шупливите’ простори меѓу тулите, исто така, овозможуваат природна вкрстена вентилација“.

9 (1)

12

Тулите создаваат втора фасада која наликува на чипка, а перфорираната фасада исто така помага да се контролира директната сончева светлина, природната вентилација и посакуваната приватност.

Бирото проектирало тулите, тие се изработени по нарачка во издолжена големина специјално за куќата.

„Тулите распоредени на одредено маѓусебно растојание што формира отвори го реинтерпретираат еден од најрелевантните архитектонски елементи во Бразилија, ‘cobogó’ (блок за ветре), кој е мошне важен за вентилација и природно осветлување во бразилската архитектура“, додава бирото.

11 (1) 10 (1) 14 15 17 18 19 20 21

Испрати коментар

Scroll To Top