Насловна / Архитектура / Најубавите куќи се во Јужна Америка – трокрак дом во Чиле

Најубавите куќи се во Јужна Америка – трокрак дом во Чиле

Проектантското биро MasFernandez Arquitectura од Сантијаго де Чиле се проектанти на дрвена куќа во предградието на Сантијаго, Чиле, за клиент кој постојано тренира за трки во триатлон.

9

Домот се наоѓа во Чикурео, град во градскиот регион на Сантијаго. Локацијата има лесен пристап до мрежата на патеки за трчање и велосипедизам што сопственикот ги користи за тренинг.

Архитектите во дворот предвиделе и базен, за да им овозможат на сопствениците да тренираат и пливање. Според архитектите, сопствениците се „атлетичари со високи перформанси, кои посветуваат голем дел од своето време на вежбање триатлон“.

2

Куќата е сместена во центарот на релативно голема парцела, самиот дом е поставен како трокрака ѕвезда, без дефинирани предни или задни фасади.

MasFernandez Arquitectura објаснуваат дека ваков распоред го максимизира бројот на прозорци во секоја соба, дозволувајќи и на секоја спална соба да има директен пристап до надворешниот простор.

1

„Основата во форма на трокрака ѕвезда го проширува периметарот и го максимизира односот со екстериерот“, велат од бирото.

„Структурниот шаблон нуди јасна дистрибуција и ефикасно користење на основата, во куќа која ефикасно се поврзува со околината“, додаваат.

6

На врвот на објектот кровот е благо закосен и дефинира аголна геометрија каде што се сечат трите волумени.

Периметарот на приземната куќа е заштитен со стреите на кровот. Главниот влез е кон центарот, каде што се спојуваат трите краци на објектот.

8

Овој централен простор е главниот дневен простор и помага да се организираат трите крака. Најкраткиот содржи кујната и трпезаријата и утилити со посебен пристап до дворот.

Останатите две крака се со приближно еднаква димензија. Едниот ги содржи спалните соби и мала домашна канцеларија, а другиот апартман за гости и домашна теретана.

7

Во центарот на куќата, кровен ппрозорец помага да се осветли главниот дневен боравок. „Секој крак се приближува кон центарот, каде што триаголен светларник ги распоредува заедничките простори во секоја насока“, велат MasFernandez Arquitectura.

5

Објектот е изграден од дрво, вклучувајќи конструктивни греди и столбови, како и дрвени преградни ѕидови. Оваа палета се протега и на ѕидните облоги, врати и тавани, давајќи кохезивно чувство на ентериерот.

10

Според MasFernandez Arquitectura, дрвото е избрано поради неговите карактеристики на одржливост и енергетска ефикасност. Во одредени делови, архитектите дизајнирале различни дезени на ѕидовите, што материјалот го прави визуелно интересен.

4 11

Испрати коментар

Scroll To Top