Бразилското архитектонско биро mf+arquitetos изработило проект за приватна резиденција во Uberlândia, Бразил.
Наречена Lake House, приземната куќата од 557 квадратни метри сместена е во рамен пејзаж, по должина на фасадата поставени се дрвени ротирачки панели кои ја пропуштаат и контролираат светлината.
Куќата се состои од линеарен волумен што се протега во должина од 36,5 метри, со висина на плафонот од 2,60 метри.
Целта на проектот била да се создаде дизајн кој е нежно поставен на теренот и се интегрира со околината, нагласуваат од mf+arquitetos.
По влегување на имотот, посетителот го пречекува базенот поставен на бреговите на езерото.
Суптилното чувство дека не се допира теренот, ја претвора бруталноста на овој бетонски блок во елегантна леснотија, неговата димензија е во потполност поврзана со човечките пропорции.
Поради висината од 2,60 метри од плафонот до таванот, се чини дека архитектурата ја врамува околната природа.
Влегувањето во куќата се одвива на спротивната страна, таму може да се видат уште два волумена обложени со камен и се чини дека и двата се вметнати во бетонскиот блок, по еден од секоја страна. Помеѓу нив, базен и патека покануваат да се пристапи до куќата.
Овие камени волумена се со различни функции: едниот ги сместува двата апартмани и приватната градина на главниот апартман, а другиот е гаража, перална, тоалетот, винарската визба и кујната.
Кога ќе се премине патеката, целосно се отвараат стаклените врати и големата дневна соба се интегрира со огледалото од водата, а исто така и со езерото. Природата се внесува внатре во куќата на многу интензивен начин.
Дневната соба содржи материјали како: камени подови и sидови, бетонски тавани и дрвени облоги.
Овој јасен и пријатен состав на природни материјали е во спротивност со составот на текстурите на мебелот, како што се кожа и лен.
Светлината влегува внатре преку дрвените прачки на панелите, кои внесуваат убавина и динамика на фасадата, помагајќи да се обезбеди заштита од сонце, а исто така и приватност, кога е потребно.
Куќата носи многу чисти линии во својата композиција, директна врска со природата и погледите, автентични материјали, бруталноста и мекоста овозможуваат целосно да се осетат чувствата и да се ценат.