Оваа интересна куќа со површина од 1000 квадратни метри и неверојатен поглед на море и поглед на шума преку базенот, наречена е La Boyita и се наоѓа во Punta del Esteu, Уругвај.
Возвишена и лежерна, La Boyita е луксузна летна резиденција на плажа сместена на шумливиот југоисточен атлантски брег на Уругвај. Осмислена и позиционирана да го подобри погледот, и истовремено да ги зашти надворешните области, резиденцијата зрачи со релаксација и мирна приватност.
Проект на уругвајското биро Martin Gomez Arquitectos, La Boyita се состои од пет блока, содржи главен блок со простор за живеење и трпезарија со најдобар поглед кон морето и базен, кој е целосно заштитен од ветрот поставен во центарот на структурата. Другиот блок содржи сервисна област, а останатите три блока се наменети за гости. Независноста и одвоеноста на просторите за живеење биле клучни за создавање на амбиентот далеку од забрзаниот свет на море.
Надворешните галерии што ги опкружуваат бетонските блокови од резиденцијата на крајот создаваат идеја за надворешни простори за живеење што создава течна транзиција помеѓу внатрешноста и надворешноста со сеприсутен панорамски поглед на океанот веднаш зад песокот на плажата.
Главното тело е поставено помеѓу брегот La Boyita и базенот, но бидејќи е целосно проѕирно, овозможува визуелна пропустливост помеѓу двете области. Масивните, непроѕирни ѕидни елементи се издвоени за делови изградени со соодветна висна за да не ја попречуваат интеракцијата со пејзажот.
Сите материјали се локални: камен, дрво, железо и шкрилци се претопуваат во својата непосредна околина.