Насловна / Архитектура / Најубавите куќи се во Јужна Америка: Casa Tetra во Сао Паоло

Најубавите куќи се во Јужна Америка: Casa Tetra во Сао Паоло

Casa Tetra на бразилското проектантско биро Felipe Caboclo Arquitetura се наоѓа во околината на Сао Паоло. Куќата со површина од 2.300 квадратни метри сместена е на значително нереамен терен.

18

Tetra е поставена и се потпира на највисоката точка на локацијата, каде призмата на објектот е поделена меѓу градини кои создаваат биофилно доживување за станарите и и овозможуваат на архитектурата да дише во овие интервали.

10 6

Волумените се проектирани на начин да ја заштитат приватноста на куќата без да ја направат формално нетранспарентна, туку да ја насочат кон главниот поглед и да ја искористат предноста на пејзажното уредувањето.

2

Пејзажот се  случува помеѓу процепите на призмата со што се создадени повеќе глетки што се филтрираат низ објектот за на крајот да бидат целосно разоткриени.

11 17

Со поделба на горната призма, конструктивно во проектот би имало шума од столбови, која е претворена во четири столба кои почнуваат од иста точка, трансформирајќи ги столбовите во форма на стебло на кое се носи горниот блок, а исто така ја подигнуваат структурата на куќа до скулптурален елемент кој е суштински за проектот.

7 3

Casa Tetra е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои Créateurs Design Awards 2023 и BIG SEE Architecture Award 2023.

8 5 9 16 14 4 1

15 12 13 19

Испрати коментар

Scroll To Top