Пролетната сезона носи многу можности за садење цвеќиња, а април е особено погоден месец за многу видови што ќе го оплеменат вашиот двор, тераса или балкон. Без разлика дали сакате светли бои, нежни мириси на цвет или растенија кои лесно успеваат, има мноштво опции што можете да ги засадите во моментов. Дознајте повеќе за растенијата кои се идеални за садење во април.
Ден и ноќ
Иако честопати се сади во есен, растението ден и ноќ може успешно се сади и во текот на април. Овој прекрасен цвет му припаѓа на семејството љубичици, поради што е познато и како полска љубичица. Нејзиниот раскошен цвет доаѓа најчесто во виолетова боја, честопати прошарана со бели или жолти нијанси.
Во зависност од времето на садење, може да биде едногодишно или двегодишно растение. Најдобро се рамножува со семе и може да се засади во градината и во саксии. Ако садите во саксија, пополнете ја две третини со земја, ставете пет семиња, покријте ги со слој земја и поставете ја саксијата во засенчено место со редовно наводнување.
Цинија
Цинијата со своите цветови потсетува на хризантеми. Има силно стебло и цвет во разни бои. Се одгледува на отворен простор, каде има доволно светлина, а најдобро успева на местата заштитени од ветер во хранливо и умерено влажно земјиште. Иако преферира плодна почва, може да успее во оскудни, но добро дренирани почви.
Нејзиното семе може во пролет да се сее директно во градина или саксии, а подоцна е пожелно пресадување. Со редовно наводнување, можете да ги очекувате првите цветови по шест до осум недели.
Кадифка или џунџуле
Кадифка е растение што се сее рано во пролет и е исклучително отпорна на временските услови. Кога ќе достигне висина од 7 до 10 центиметри, треба да се пресади на постојано место, каде што ќе остане цело летото. Растојанието помеѓу растенијата треба да биде околу 25 центиметри.
За време на растот бара редовно наводнување и прихранување Иако има различни сорти, најчесто расте до висина од околу дваесетина центиметри. За да се поттикне континуиран раст на нови цвеќиња, прецветаниот цвет треба редовно да се отстранува.
Кадифка е едногодишно растение, но можете да ги сочувате нејзините семиња за следната година. Нејзините цветови доаѓаат во нијанси на портокалова, бела и жолта боја и често се користат за украсување на балконот затоа што делуваат многу декоративно.
Петунија
Петуниите се еден од омилените избори на многу љубители на цвекиња. Достапни се во најразлични бои, а април е совршен момент да ги засадите ако веќе не сте го сториле тоа. За бујно и долготрајно цветање во текот на целото летото, потребно е редовно наводнување и отстранување на прецветаните цветови.
Овие растенија достигнуваат висина до 30 центиметри и почнуваат да цветаат уште од раната пролет. На пазарите, можат да се најдат на почетокот на март, иако нивното оптимално време на садење е дури по 20 април. Во зависност од сортата, цветањето може да трае до доцна есен.
Обичната петунија е подостапна во однос на висечките хибриди, кои претежно се разможуваат со режење во специјализирани расадници. Нивниот раст може да биде исправен, полувисечки или целосно висечки.
Сините петунии се особено миризливи и привлекуваат пеперутки и пчели, додека ноќните пеперутки често ги посетуваат ноќе. Покрај естетската вредност, тие исто така придонесуваат за зачувување на екосистемите.