Ширењето на знаењето за хрватската ликовна уметност филателијата на Хрватска пошта го сфатила многу сериозно и ја осмислиле истоимената серија на пригодни поштенски марки. Новите марки од серијата „Хрватска ликовна уметност“ се пуштаат во оптек од утре (1 декември) 2015 година.
Мотивите на новите пригодни марки се: „Метална скулптура ХХ“ на Душан Џaмоња од 1961 (марка со номинална вредност од 1,20 куни), „Дуња I“ од Коста Ангели Радовани од 1957 (марка со номинална вредност 3,10 куни) и „Бик “од Војин Бакиќ од 1956 година (марка со номинална вредност од 4,60 куни).
Автори на овие пригодни марки се загребските дизајнери Ивана Вучиќ и Томислав-Јурица Каќуниќ.