Насловна / Архитектура / Најубавите градови во светот според златниот пресек

Најубавите градови во светот според златниот пресек

Златниот пресек (1:1,618) одразува збир на пропорции кои со милениуми ги интригирале и ги проучувале математичарите. Можете да најдете многу примери на златен пресек што се јавува во природата, на пример, во мерењата на човечкото тело, во цвеќињата, па дури и во ДНК.

Многу уметници и инженери во последните неколку векови го вградиле златниот пресек во нивните дела, верувајќи дека тоа е златен стандард во природното естетско совршенство. Користејќи го златниот пресек за мерење на објекти и иконични знаменитости, британскиот Online Mortgage Advisor направил листа на градови заснована на број на згради кои се придржуваат на златниот пресек.

Венеција

Анализирале стотици улици и повеќе од 2.400 згради за да откријат кој светски град во просек може да се пофали со најубавите згради. Со резултат за убавина (просечен процент на совпаѓање со златниот пресек) од 83,3%, Венеција го предводи нивното глобално рангирање на градови со најубави градби.

Со своите кривулести канали и еклектичната архитектура, Венеција успеа да се избори за првото место.

Овој италијански град е многу популарен меѓу туристите, а во 2023 година го посетиле дури 5,7 милиони луѓе.

Рим

Сепак, оптоваренa со бројот на посетители, La Serenissima оваа година ја тестираше примената на туристичката такса за да се ограничат пристигнувањата, а од неодамна е воведен лимит од 25 лица по туристичка група.

На второ место се најде уште еден италијански град, ако се земе предвид дека во Рим дури 82% од зградите се во согласност со златниот пресек. Така, овој град е првата престолнина на листата.

Само дел од процент зад Рим, Барселона го зазема третото место, а по неа е Прага. На петтото место е единствениот неевропски град во првите десет, а тоа е Њујорк.

Њујорк

Забележливо отсуството на Париз

Иако е дом на многу познати градби, како што се Ајфеловата кула и Нотр Дам, Париз не влезе во првите десет, туку го зазеде 12-то место на листата.

Го надмина Бордо, кој се најде на деветтото место на оваа листа за убавина со процент на згради прилагодени на златниот сооднос од 75,3%.

Бордо

Освен што е познат по своите винарии, овој град во југозападниот дел на Франција е богат и со импресивна архитектура, вклучувајќи го и музејот Cité du Vin, чија органска форма наликува на искривени гранки на винова лоза.

Меѓу првите десет градови се најде и Атина која е на шестото место, додека Будимпешта е седма, Виена е на осмо, а Милано е десетто место. Покрај Париз, меѓу првите дваесет се најдоа Стокхолм, Фиренца, Тел Авив, Копенхаген, Маракеш, Чикаго, Амстердам, Берлин и Истанбул.

Прага

Погледнете ја целата листа:

  1. Венеција (Италија) – 83,3%
  2. Рим (Италија) – 82,0%
  3. Барселона (Шпанија) – 81,9%
  4. Прага (Чешка) – 78,7%
  5. Њујорк (САД) – 77,7%
  6. Атина (Грција) – 77,5%
  7. Будимпешта (Унгарија) – 75,9%
  8. Виена (Австрија) – 75,8%
  9. Бордо (Франција) – 75,3%
  10. Милан (Италија) – 75,1%
  11. Стокхолм (Шведска) – 74,8%
  12. Париз (Франција) – 74,7%
  13. Фиренца (Италија) – 73,6%
  14. Тел Авив (Израел) – 73,6%
  15. Копенхаген (Данска) – 73,2%
  16. Маракеш (Мароко) – 72,7%
  17. Чикаго (САД) – 71,7%
  18. Амстердам (Холандија) – 71,7%
  19. Берлин (Германија) – 71,3%
  20. Истанбул (Турција) – 70,2%
  21. Санкт Петербург (Русија) – 69,2%
  22. Стразбур (Франција) – 69,1%
  23. Дубаи (ОАЕ) – 67,6%
  24. Мајами (САД) – 63,0%
  25. Пекинг (Кина) – 55,6%

Будимпешта

Санкт Петербург

Испрати коментар

Scroll To Top