Германско – американскиот архитект Ludwig Mies Van der Rohe уште во 1959 година рекол: „Градбата настанува кога внимателно ќе се спојат две тули.“ Иако во тоа време тулата како градежен материјал не била баш модерна, најубавите градби од минатото се направени токму од тула.
Од палатата на династијата Минг и спомениците на Блискиот Исток, до ѕидините на Кремљ, објектите градени од тула покажуваат дека овој материјал придонесува за впечатливоста на објектите. Градењето со тули започнало 7.500 години п.н.е., кога во денешна Сирија започнало градењето на куќи од тули исушени на сонце.
И самиот импресиониран од безвременскиот шарм на тулата, архиектот Phillip Jodidio, ја објави книгата “100 Contemporary Brick Buildings” во кој претставил некои од најнеобичните и најубави градби од тула. Некои од нив Ви ги претставуваме во галеријата.