Иако стана норма сите работи да се прифаќаат во колор, ништо не ја победува класиката. Од иконичните филмови како „Прекрасен живот“ или „Казабланка“, до оригиналните дела на Дизни и останати познати карикатуристи, црно-белите слики секогаш биле оригиналната боја, раскажувајќи убави приказни, многу пред дигиталното уредување и графиката да го најадат својот пат во уметноста. Оние кои го заборавиле влијанието кое црно-белата комбинација може да го има на уметничкото дело, наградите Monochrome Photography се тука да не постсетат на начин кој никогаш нема да го заборавиме.
Прикажани се прекрасните еднобојни моменти кои ги снимиле професионални и аматерски фотографи во широк спектар на категории, извлекувајќи ја секоја сјајна нијанса од бела до црна и назад. Победниците на овој натпревар за 2019. година ќе ви предизвикаат копнеж уште еднаш да го почувствувате вкусот на златното доба на уметноста.
ГРАН ПРИ: Monochrome Photographer of the Year – професионалец. The Mundari – камп за добиток, автор: Trevor Cole, Велика Британија
ГРАН ПРИ: Monochrome Discovery of the Year – аматер. Hou_Huibo_Witches_Finger_2, автор: Huibo Hou, САД
прво место: Пејзажи, фотографија на годината – професионалец. Abyss, автор: Masaya Akamatsu, Јапонија
второ место: Пејзажи, фотографија на годината – професионалец. Куќа во бело, автор: Frank Peters, Холандија
трето место: Пејзажи, фотографија на годината – професионалец. Осамен остров, автор: Markus Casutt, Швајцарија
второ место: Пејзажи, фотографија на годината – аматер. Лебдечка црква, автор: Ales Krivec, Словенија
трето место: Пејзажи, фотографија на годината – аматер. Moonset Over Ther 9/11 Memorial Lights, автор: Lucjan Gorczynski, САД
прво место: Природа, фотографија на годината – професионалец. Блескава прашина, автор: Janine Krayer, Боцвана
второ место: Природа, фотографија на годината – професионалец. Calma, автор: Eugenio Rodriguez, Чиле
трето место: Природа, фотографија на годината – професионалец. Крило на Пегасус, автор: Woottigon Angworakul, Тајланд
прво место: Природа, фотографија на годината – аматер. Онамо каде матната река го среќава океанот, автор: Joao Galamba, Португалија
второ место: Природа, фотографија на годината – аматер. Климатски промени и глобално затоплување, автор: Jacek Krefft
трето место: Природа, фотографија на годината – аматер. Мочварна идила, автор: Caroline Peppiatt, САД
прво место: Дивиот свет, фотографија на годината – професионалец. Танц на ајкули, автор: Serge Melesan, Франција
второ место: Дивиот свет, фотографија на годината – професионалец. Поларна прошетка, автор: Thomas Vijayan
трето место: Дивиот свет, фотографија на годината – професионалец. Пешачење на пингвини, автор: Aleksander Myklebust, Норвешка
прво место: Дивиот свет, фотографија на годината – аматер. Небесен танц, автор: Andreas Oberg, Велика Британија
второ место: Дивиот свет, фотографија на годината – аматер. The Norm-Breaker, автор: Pallavi Laveti, Индија
трето место: Дивиот свет, фотографија на годината – аматер. Крал, автор: Victoria Carlson, САД