Круниран со наградата Building of the year во категоријата на угостителски објекти од реномираниот портал ArchD Daily, Garden Hotpot е единствен ресторан лоциран во руралното предградие Ченгду во југозападна Кина, во област позната меѓу жителите како „зелени бели дробови на градот“.
Ресторанот е дело на архитектонската фирма со седиште во Бостон MUDA-Architects, која ја прифати задачата на секој гостин да му даде извонреден поглед и блискост со природната средина.
Невообичаениот изглед на ресторанот е што тој се врти меѓу стеблата на дрвјата. Дизајнот на објектот, исто како и неговото име, потекнува hotpot, популарно јадење што стана синоним за регионот. Поточно, нејзината тенка, криволинеарна форма се здружува со пареата што се издига од тава топла храна.
Речиси 300 метри долга дрвена платформа е изградена околу периметарот на езерото, веднаш над површината на водата, за да ги доближи гостите до ресторанот и да се поврзе со природата.
За таа цел, зградата е ослободена од класичните елементи, како што се sидовите, и наместо тоа, само редови од тенки, три метри високи столбови поддржуваат галванизиран лим од покрив.
На водоотпорна платформа која ја отсликува разиграната форма на езерото и варира во ширина во зависност од теренот, поставени се столови со различни димензии кои личат на лотос цвеќиња. Тесните колони со дијаметар само 88 милиметри го имитираат изгледот на дрвјата и му овозможуваат на ресторанот да потоне во шумата.
Големо внимание беше посветено на зачувувањето на природното опкружување, а MUDA-Architects се обидоа да го минимизираат нарушувањето што зградата го прави на околината. Затоа, и формата на ресторанот е одредена така што за време на изградбата да не се сече ниту едно екалиптус дрво.