Доколку сте љубители на добрата храна, а истовремено сакате да уживате во пријатната атмосфера на ресторанот, најверојатно ќе ви се допадне ресторанот MOTT 32 во Хонг Конг. Овој ресторан е дело на архитектонското студио на Joyce Wang, а пред некој месец ја доби и престижната светска награда за дизајн на ентериери на фестивалот INSIDE.
Овој ресторан е сместен во простор кој во минатото функционирал како трезор на банка во кој се чувале драгоценостите на богатите кинески имигранти.
Ентериерното решение е инспирирано од традиционалните кинески принципи на ентериерно уредување вметнувајќи му елементи од индустрискиот дизајн.
Тесните ходници и деловите на некогашниот трезор сега се претворени во ексклузивен ресторански дизајн.
Осветлувањето е сместено во мрежасти кафези, а декоративните детали во старински стил создаваат сценска атмосфера на овој ексклузивен подземен простор.