Насловна / Арт и дизајн / Најубавиот електричен мотор, вистински ѕвер

Најубавиот електричен мотор, вистински ѕвер

Француската компанија за мотори, Newron Motors, претстави еден од најинтересните електрични мотори кои сме имале прилика да ги видиме.

1_resize

Едноставно наречен EV-1, овој футуристички мотор направен е од изненадувачки материјал – дрво, а делува како функционално уметничко дело, чудо на инженеринг со импресивни технологии и перформанси.

2_resize

Уникатниот електричен мотор е конструиран со големо цилиндрично пакување на батерии во центарот на вниманието, кое го опкружуваат убаво обликувани панели произведени од премиум дрво по ваш избор – абонос, даб, јасен или кедар.

4_resize

Дизајнот е речиси сосема прилагодлив, идните купувачи ќе можат да додаваат седиште за сувозач, наслон за нозе и бројни други детали.

5_resize

Newron Motors планира да произведе само дванаесет единици на моделот  EV-1, а порачувањето со депозит од 2.000 евра веќе е почнато. Финалната цена на моторот ќе достигне околу 60.000 евра, а првата испорака се очекува во 2021. година.

7_resize

Батеријата на моделот нуди распон од 300 километри во градска вожња, односно 220 километри на автопат, а се полни за само 40 минути. Моторот доаѓа со бројни hi-tech, како поврзување со паметен телефон, GPS, Bluetooth и WiFI конекција и апликација која ја прикажува статистиката на моторот, километражата, нивото на батеријата и многу други податоци.

6_resize

Компанијата Newron Motors е основана во 2016 од Sebastien Mahut и Michel Serafin, двајца поранешни инжењери по аеронаутика.

Кога компанијата во 2019. година го претставила прототипот на овој мотор, многумина биле воодушевени од неговиот единствен дизајн, но се сомневале дека некогаш ќе биде достапен произведен модел.

Од  Newron велат дека EV-1, го сметаат за „прв електричен крузер“, кој има шасија на егзоскелет, која го поврзува предниот и задниот крај преку структурална батерија. „Оваа карактеристика на див дизајн не потсетува на цевка на Gatling gun“, велат инженерите. Ниската висина на седиштето и исечениот преден крај го ставаат возачот во удобна положба.

3_resize

Силата на овој убав ѕвер е напреден PMAC мотор со снага 75 kW, кој има 240 Nm обртаи. Моторот може да постигне 100 километри на час за помалку од три секунди, а максималната брзина која може да ја постигне е 220 километри на час.

8_resize

Испрати коментар

Scroll To Top