Кина е земја со бројни прекрасни локации и автопати што воодушевуваат. Сепак, автопатот Hepu-Napo, кој се протега низ југозападниот регион Guangsi, е навистина посебен.
Бтонската структура претставува силен контраст со густите шуми и ридови што ја опкружуваат и создава прекрасна глетка на која е тешко да се одолее.
Исто така, светските медиуми го прогласија автопатот Ѕ60 кој се наоѓа во близина на границата со Виетнам за еден од најубавите во светот.
Иако на фотографии од воздух често изгледа дека е празен, автопатот е изграден со поглед кон иднината. Земјата со најголем број население во светот има 1,4 милијарди жители, од кои четириесет отсто живеат во рурални области.