Автобусот кој буквално изгледа како џунгла на тркала е вистинска атракција за жителите и туристите во Тајван.
Наместо вообичаената гужва, непријатна миризба и загушливиот воздух, кои неретко се неизбежен дел од градскиот превоз, со овој цветен автобус може да се доживее поинакво искуство.
Проектот е дело на Алфи Лин, кој вели дека сакал да им овозможи на патниците да го почувствуваат летото и пораките од природата.