Улицата со највеќе дрвја во светот е Руа Гончало де Карваљо, која се наоѓа во Порто Алегре, главниот и најголемиот град во бразилската држава Рио Гранде до Сул.
Оваа улица стана мошне впечатлива поради високите и густи дрвореди, кои се простираат од нејзините две страни. Нејзината интернационална популарност почна по кампањата за нејзино зачувување, поради што и го доби името „најубавата улица во светот“.
Со распон од 500 метри, на тротоарите се наредени повеќе од 100 дрвја, кои се повисоки и од некои седумкатници. Според постарите жители, дрвјата биле засадени во 30-тите години на минатиот век од работници со германско потекло кои работеле во пиварниците во соседството.