На 40 метри над австралиските песочни плажи Fairhaven се наоѓа една од најубавите куќи во светот.
Вилата е дизајнирана од страна на реномираното австралиско студио F2, зад кое стојат архитектите Franco Fiorentini и Frank Marioli. Оригиналната куќа е изградена уште во 1978 година, но минатата година била срушена за да на истото место никне нова модерна градба, која нуди сè за совршен одмор.
Старата куќа била изградена од дрво и заради влажната морска клима во текот на изминатите години значително пропаднала. Новиот дизајн на куќата ги искористува сите можни предности на својата позиција и има голем стаклен ѕид преку кој гостите можат да уживаат во погледот на океанот и бескрајните плажи.