Насловна / Архитектура / Најубава зграда во Нови Сад во последните 25 години

Најубава зграда во Нови Сад во последните 25 години

Објектот на Банката МЕТАЛС во Нови Сад го преставуваме во овој број на ПОРТА 3, иако е пуштен во употреба пред неколку години, од причина што во неговата изведба во голем дел зема учество македонската компанија „ТОРАКС“ од Скопје. Инаку, да споменеме дека моментално во Нови Сад е поставена изложба на целокупното творештво на двоецот архитекти и професори на Архитектонскиот факултет во Белград Миленија и Дарко Марушиќ , кои се и автори на проектот на Металс банката.

eksterijer 01

Архитектите Дарко и Миленија Марушиќ со својата стручна и професионална работа во последните педесет години на посебен начин ја одбележаа архитектонската сцена во Србија. Зад себе оставиja многу изведени прокти, особено во областа на станбената изградба, а за нивната заедничка работа добиja највисоки професионални и општествени признанија и награди. Од многуте реализирани проекти треба да се споменат станбената населба Церак – лозови насада и цвеќарница во Белград, станбениот објект на булеварот Крал Александар во Белград, станбено-деловниот објект на булеварот Ослободување во Нови Сад, детската градинка Сина птица, а посебно треба да се спомене објектот на Металс Банката во Нови Сад. Со проектот за објектот на Металс Банката во Нови Сад ги освоиле сите награди кои може да се освојат, а секако треба да се спомене признанието и прогласувањето на објектот за најубава зграда во Нови Сад во последните 25 години, ремек-дело на современата архитектура во Нови Сад. Што ќе се изгради следните 25 години во Нови Сад, ќе видиме.

eksterijer 03
Во 1998 година Друштвото на архитекти на Нови Сад (ДАНС) распишува конкурс за анонимен отворен републички конкурс за идејно архитектонско решение за објектот на Металс Банка во Нови Сад. Во вториот круг на конкурсот жирито го вреднува за најдобар конкурсен труд проектот на архитектите Дарко и Миленија Марушиќ. Во рецензијата на жирото меѓу другото напишано е и ,,…Објектот се вклопува во околината ненаметливо и не конкурира на висококатницата на Работничкиот универзитет непосредно до него и ниските објекти во околните улици. Архитектонско просторниот концепт се карактеризира со транспарентност и прозрачност на клучниот дел – влезот во банката кој ги спојува и раздвојува двата кубуса на објектот со главната пешачка комуникација, со отворени визури кон надвор и внатре и го спојува ентериерот и екстериерот. Таквата транспарентност дава смисла на спојот на двата различни кубуси во една целина. Изборот на различни племенити и одржливи градежни материјали стакло, алуминиум, камен и нивната комбинација го потенцира концептот на објектот – транспарентност…“

eksterijer 04

eksterijer 05
Банката претставува повеќенаменски комплексен објект.
Објектот е со катност П+4 и П+5. Во приземјето на објектот се проектирани главниот влез со централен хол, шалтер-сала, сала за корпоративно банкарство, клуб за читатели и службен влез. На првиот кат се проектирани кабинети за Извршниот одбор, а на вториот и третиот кат канцеларии за останатите вработени. На четвртиот кат е салата за конференции и изложбена галерија. На последниот петти кат е проектиран ресторанот со покриена тераса со пергола и дел тераса зелена градина. Ресторанот и терасата имаат широки визури кон градот Нови Сад.

eksterijer 12
Специфичноста на објектот е во неговиот концепт каде ентериерот се надоврзува на екстериерот. Екстериерот и ентериерот создаваат меѓусебе обединета, преклопена целосна архитектура на објектот. Решението на ентериерот не е посебно работено, туку се надоврзува на решението на екстериерот односно претставува негово продолжение. Вкупното решение на објектот е направено како тотален дизајн.

enterijer 03

interesantni uglovi 05
Ова е постигнато со централниот хол – воздушен простор кој оди низ сите катови и покриен е со стаклен рамен кров кој придонесува за поголемата транспарентност и осветленост на целиот објект. Во објектот може од централниот хол да се види која било просторија во објектот освен просториите кои се посебно заштитени, а исто така има и застаклени продори со поглед кон околните улици.
Настрешницата на терасата над четвртиот кат со нејзината брановидна форма му дава посебен завршеток на целиот објект. На делови настрешницата продолжува и како да го сече со својата површина последниот (5-ти) кат на објектот. Настрешницата е изведена од алуминиумски лим и соодветни профили.

enterijer 11

interesantni uglovi 13
За успешно реализираниот објект, освен проектантите со нивната оригинална идеја секако придонес имаат и изведувачите, компании од Нови Сад и Белград, а секако треба да ја споменеме и компанијата „ТОРАКС“ од Скопје која ги изведе сите застаклени површини, настрешници и алуминиумски работи во екстериерот и ентериерот на објектот за што се посебно горди.
Отворена банка, транспарентна, проѕирна, а всушност затворена.
Современ објект и концепт кој заслужува големо внимание.

eksterijer 07

interesantni uglovi 01

Автор: НАТКА ЌОСЕВА, дипл.инж.арх

* * * * *

Специфични стаклени конструкции

Значајно е да се забележи дека сите системи за застаклените конструкции се специјално проектирани (и од технички и од дизајнерски аспект) од Торакс само за овој објект. Изведените конструкции не можат да се сретнат на ниту еден објект.

Една од тие конструкции е стаклениот кров кој го покрива атриумскиот дел од објектот.

Согласно проектантските барања, стаклото и кровната конструкција треба да издржат товар од 400 килограми на метар квадратен, што претставува носивост на стандардна меѓукатна армиранобетонска конструкција. Со посебно проектирана конструкција и технологија на монтажа успешно се обезбедени проектните барања за носивост со дебелеина на надворешното стакло од само 20 милиметри (ламинат од две стакла дебели по 10 милиметри).

enterijer 02

Поради задоволување на потребите за енергетска ефикасност, непоходно беше да се направи термоизолационен панел (термопан), при што внатрешното стакло е со дебелина од само осум милиметри (ламинат од две стакла со дебелина четири милиметри). Ова наизглед мошне слабо стакло потребно беше да обезбеди товар од 400 килограми на метар квадратен.

Кога ќе се земат предвид димензиите на стаклото (едно стакло има повеќе од пет квадратни метри и треба да носи најмалку 2000 килограми), може само да се претпостави каков беше инженерскиот предизвик да се совладаат проектните барања. После изведбата се направи испитување на Машинскиот факултет во Нови Сад, на примерок 1:1 на кое се потврди бараната носивост на целиот систем, а од инвеститорот македонската компанија доби посебна благодарност.

Автор: ВЛАТКО ВАСИЛЕВСКИ, дипл. маш. инж.

Испрати коментар

Scroll To Top