Берлин, Хамбург и Минхен уживаат во убавото сончево време и невообичаено високите температури за овој период од годината, а во Париз е измерена највисоката температура во историјата на мерење на температурите, односно од 1880 година: 21,6 степени. На што се должи ваквата состојба?
Мислењата на експертите се поделени: некои воопшто не се изненадени и објаснуваат дека ова е резултат на високиот воздушен притисок и чистото небо без облаци, а други пак се убедени дека се работи за долгорочен тренд и очекуваат 2014 да биде најтоплата година досега.