Насловна / Вести / Најтоплиот март во последните 136 години

Најтоплиот март во последните 136 години

Arktik - topenje na mrazot

Месецот март оваа година бил најтопол во последните 136 години, а просечните температури ширум светот пораснале за 1,28 степени. Ова го соопшти вселенскиот центар на НАСА – Годар во Мериленд. Во март 2010 година, забележан е пораст на просечните температури за 0,92 степени.  Порастот на температурите посебно е изразен на екстремните северни географски ширини, регион кој е најчувствителен на топлината. Пораст на температурата на 7 степени над просекот значи поинтензивно топење на ледот, исчезнување на тенките слоеви лед, додека она што највеќе загрижува е влевањето на милијарди тони вода во солените океани. Последново сериозно ќе го поремети движењето на топлите струи. НАСА предупредува дека октомври, ноември, декември, јануари, февруари и март веќе ги срушиле долгогодишните рекорди во однос на глобалните температури, а уште позагрижувачко е сознанието дека тој тренд ќе продолжи.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top