Минатата година, спокојството на оваа зелена парцела, во срцето на 15-милионскиот Истанбул било нарушено од градежни машини, се зборува во репортажата објавена во понеделникот од страна на фондацијата „Томсон Ројтерс“.
На местото крај тврдината „Једикуле“, можеби до сега постоеја најстарите градски градини во светот, но општината Истанбул одлучи на овој простор да гради ресторани и кафулиња, паркови, зони за спорт и паркинзи.
„Властите рекоа дека сакаат местото да го исчистат“, коментира производителот за зеленчук.
Според нив, регионот не е доволно чист, а и градинарите можат да ги уништат древните ѕидови. Покрај тоа, крај тврдината ноќе се собирале наркомани и бездомници, кои палат огнови и го уриваат ова историско културно наследство.
Ераслан и неговите колеги се немоќни да направат што било, бидејќи земјата и припаѓа на општината.
Во репортажата се потсетува дека амбициозните урбанистички планови на локалните власти во 2013 година ги предизвикаа првите бунтови, а повод за нив беа пренамената на паркот „Гези“. Во исто време 10 акри од градините на Исмаил паша од 17 век беа избришани од внатрешноста на тврдината „Једикуле“.