Концептот на традиционалните трговски центри изумира и во Америка. Слична судбина не можеше да го заобиколи ни најстариот од нив.
Трговскиот центар Arcade Providence бил изграден уште во 1828 година во стилот на грчки храмови и поради својата убавина, транспарентност и хармонични пропорции, овој објект е еден од омилените на Род Ајленд. Arcade Providence во 1971 е запишан во Национален регистар на историски места како објект од исклучително значење. Сепак, бидејќи во 2008 година бил затворен, трговскиот центар, според идејата на локален претприемач, бил претворен во станбен простор за живеење.
Evan Granoff дошол на идеја за реконструкција на трговскиот центар, со почитување на неговото историско наследство и негово претворање во станови кои ќе се издаваат. Според проектот на бирото Northeast Collaborative Architects (NCA) и инвестицијата од седум милиони долари, Arcade Providence доби нов живот. На приземјето сè уште има продавници, додека на горните катови се становите од 22 до 45 метри квадратни кои се издаваат со почетна цена од 550 долари месечно.
Сите 48 апартмани се комплетно опремени и подготвени за вселување. Поголемите апартмани имаат дневна соба, кујна, трпезарија, купатило и спална соба, додека помалите се уредени како гарсониери. Станарите имаат на располагање заеднички простории како што се сали за вежбање, сала за велосипеди, како и гаражи… , и сето тоа во центарот на градот!