Најстариот модел на фотоапаратот Nikon е ставен на аукција на WestLicht. Со серискиот број 60924, направен во април 1948 година, ова е третата камера што Nikon ја има произведено. Наводно е во одлична состојба, доаѓа со оригиналниот објектив, како и со оригиналната заштитна кожна футрола.
Во себе го има дури и врежано Made in Occupied Japan. Почетната цена е околу 90.000 евра, а според проценките на WestLicht би можел да постигне цена помеѓу 160.000 и 180.000 евра. Аукцијата ќе се одржи на 19 ноември во Виена.