Насловна / Архитектура / Најстариот хотел на светот со традиција долга 1.300 години

Најстариот хотел на светот со традиција долга 1.300 години

Najstar hotel keiunkan-inn-02

Nishiyama Onsen Keiunkan во предградието на јапонскиот град Yamanshi, е најстариот хотел на светот. Во текот на своето работење цели 1.300 години, овој хотел ги угостувал и древните самураи и модерните денешни туристи. Историјата на хотелот почнува во 705 година како бања и бил идеја на синот на царот.

Najstar hotel vo svetot

Природните извори на врела вода овозможиле начини за лечење на бојните посетители и војниците кои доаѓале да се одморат. Во минатото, меѓу посетителите биле голем број самураи. Хотелот е пренесуван во наследство цели 52 генерации кои го развивале, проширувале и модернизирале.

Najstar hotel1

Денес тој е многу поголем отколку пред 1.300 години, но изгледот и чувството останале исти. И покрај модерните содржини, едноставниот дизајн му ја дава скромноста од минатото. Хотелот е запишан во Гинисовата книга како најстар хотел, а се натпреварува и за уште еден наслов – најиздашен извор на врела вода.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top