2017 година
На 18-ти јануари во централна Италија снежна лавина испровоцирана од четири земјотреси со магнитуди меѓу 5,1 и 5,4 степени по Рихтер во централните италијански области Лацио, Абруцо и Марке, целосно го уништи хотелот „ Rigopiano di Farindola“, при што загинаа 29 туристи и членови на персоналот. Масата на лавината го измести објектот за десетина метри.
2015 година
На 25-ти април Непал беше погоден од земјотрес со магнитуда 7,9 степени. Првиот потрес беше следен со неколку силни афтершокови, а на 26-ти април Непал беше повторно погоден од серија последователни потреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 6,7. Земјотресот предизвика лавина на падините на Еверест. Според податоците на непалското министерство за внатрешни работи во оваа лавина загинале 18 луѓе.
На 25-февруари снежна лавина погоди неколку покраини во Авганистан. Најпогоден беше североистокот од земјата, особено покраината Панџшир, каде стихијата уништи околу сто домови. Вкупно во лавината животите ги загубија 260 луѓе.
2014 година
На 16-ти октомври во областа на планинскиот премин Торанг-Ла на непалскиот дел од Хималаи, кој е дел од посетувана туристичка и алпинистичка рута, се случи лавина. Причината за лавината беа големите снежни врнежи донесени од циклонот Худхуд кој го зафати истокот на Индија. Повеќе од 400 луѓе беа спасени од кои 200 странски туристи, додека загинаа 43 луѓе.
2012 година
На 23-ти септември властите во Непал добија информации дека на планинскиот масив Манаслу загинале најмалку девет алпинисти, а шест луѓе се водат исчезнати, откако биле поклопени од лавина. Десетина лица од групата успеале да се извлечат од под снежниот нанос и беа хоспитализирани со разни тежини на повредните.
На 30-ти март снежна лавина го поклопи местото Наси во северната авганистанска покраина Бадакшан, во кој животите ги загубија 14 луѓе а уште шест лица и денес се водат како исчезнати.
Во истата авганистанска покраина на 5-ти март ноќта лавина го зафати селото Дасти, на крстосувањето меѓу окрузите Шинкај и Дарваз, при што загинаа 47 луѓе.
На 23-ти февруари индиската армија објави дека во две лавини во планините на северот од земјата загинале 11 индиски војници, а уште осум војници беа прогласени за исчезнати.
На 24-ти јануари од обилни снежни врнежи кои предизвикаа низа снежни лавини, исто така во оваа авганистанска покраина Бадакшан загинаа 46 луѓе, а уште 60 беа спасени со повреди и смрзнатини.
2011 година
На 15-ти февруари снежна лавина од падините на планина во централната авганистанска покраина Дајкунди целосно уништи неколку домови. Загина 21 човек, а петмина беа повредени.
2010 година
На 10-ти април на Камчатка лавина, чија маса се проценува на повеќе од милиони кубни метри снег, зафати хеликоптер „Ми-8“ кој слетувал на преминот Дукуп. Се претпоставува дека лавината ја предизвикале сноубордисти кои се спуштале по падината. Хеликоптерот бил влечен 200 метри и од 18 лица, од кои 11 сноубордисти од Германија и еден државјанин на Белгија. Загинаа пет Германци и пет Руси.
На 18-ти февруари снежна лавина затрупа село во административната единица Северозападна погранична покраина на Пакистан, кога загинаа 19 луѓе, а уште 40 беа повредени.
На 8-ми и 9-ти февруари, неколку лавини го поклопија авганистанскиот планински премин Саланг, затрупувајќи стотици автомобили, автобуси и камиони. Лавината ги покри планинските серпентини во должина од три и пол километри. Во стихијата загинаа 170 луѓе, а неколку стотици беа хоспитализирани со повреди и смрзнатини. Од под снежните наноси без повреди беа извлечени околу три илјади луѓе.
2009 година
На 25-ти јануари во лавина на планината Зиган во покраината Ѓумѓушхан на северот од Турција загинаа десет луѓе, а седум беа спасени и хоспитализирани. Лавината се случи на височина од две илјади метри кога таму се наоѓала група од 15 до 20 алпинисти од клуб од црноморскиот град Трабзон.
На 18-ти јануари ва авганистанската покраина Саланг загинаа 10 луѓе, кои во тоа време се нашле на автопатот во близина на тунел, кој минувал низ истоимената планина. Под снежниот нанос, останаа 12 автомобили, но и градежни машини кои работеле на санирањето на последиците од снежните врнежи и расчистување на преминот. Спасувачите успеаја да спасат 40 луѓе.
2008 година
На 29-ти декември 13 луѓе загинаа и 14 беа повредени во снежна лавина во северната авганистанска покраина Бадахшан.
На 12-ти декември најмалку 70 луѓе загинаа под снежната лавина во селото Бохарак во истата авганистанска покраина Бадахшан на границата со Таџикистан.
На 24-ти август 16 странски туристи загинаа а уште 20 други беа повредени во лавина на француските Алпи. Лавината се случи во три часот по полноќ на надморска височина од околу четири илјади метри на највисокиот европски врв Монблан, наидувајќи на групата алпинисти.
На 1-ви август девет луѓе загинаа а четири беа прогласени за исчезнати во лавината покрената на вториот највисок врв на светот Чогори (К2). Несреќата се случи на надморска височина од над 8.000 метри.
Меѓу 1-ви и 2-ри април повеќе од 40 луѓе ги загубија животите во Пакистан во лавина која по обилните нежни врнежи го зафати северот од земјата. Притоа беа уништени стотици домови во неколку села во покраината Читрап.