Станот ќе биде изграден и опремен во 2017 година, а ќе се наоѓа на врвот на кулата Palm Jumeirah One. Се разбира, станот кој има таква цена ќе го нуди само најдоброто – инфинити базен, спа, и гаража со 12 автомобили. Сето ова ќе го содржи, бидејќи има површина од 5.000 м2.
Вкупно ќе има осум спални и масивен балкон, кој ќе има површина од 1.660 м2 и ќе се наоѓа на дваесет и петтиот кат. Неговите chic и stylish спални соби ќе нудат бескомпромисно добар поглед на панорамата на градот.
Прозорците од подот до таванот ќе пропуштаат доволно природна светлина, коишто на собите им дава прозрачност и свежина. На горната тераса ќе има бујна вегетација.
Наречен како приватен храм, ова ремек дело ќе го креира Omniyat and Drake & Scull International.
Ќе има кујна со посебна просторија за подготовка на храна, професионална скара, отворена тераса и феноменален простор за организирање на забави.
Иако пентхаусот сам по себе е преубав, комплексот каде што се наоѓа е уште поубав и полуксузен. Во рамките на комплексот ќе има фитнес центар, салон за убавина, кино и многу други бенефиции.
Пред овој проект, на најскапиот стан во Дубаи бил во Бурџ Калифа, а чинел 16,20 милиони долари.