Целокупното годишно производство на најскапиот руски автомобил во историјата, е распродадено во само неколку дена. Станува збор за моделот Senat, на релативно новиот бренд Aurus, чие комерцијално производство стартуваше во мај оваа година. Првите примероци стигнале во салонот во Москва во почетокот на октомври. Веќе по неколку дена, од Aurus известиле дека ги продале сите 350 примероци кои се планирани за производство до крајот на годината. Затоа, веќе е отворена листата на нарачки за следната година. Сето тоа не би било вест, доколку не станува збор за автомобил кој чини околу 289.000 евра. Лимузината е долга над 5,6 метри и естетски многу потсетува на Rolls – Royce, а таргетирана е и слична клиентела. Развива 590hp, што е доволно за забрзување до „стотка“ на 2,8 тони тешкото возило за шест секунди.