Овој апартман со површина од 800 м2, e дел од новa луксузнa станбена зграда Lauren, која се наоѓа во Woodmont Avenue. Овој пентхаус, познат како Residence 703, има директен пристап до приватен лифт, приватно фоаје што се отвора кон дневната соба, дизајнирана од страна на Jeff Aksizer, наградуваниот дизајнер од Akseizer Design Group. Во ентериерот на овој стан може да се види употреба на квалитетно дрво и подови од природен камен, и има три прекрасни и пространи спални соби, четири бањи, формална трпезарија, елегантен салон и гастрономска кујна. Во кујната се апарати од престижните брендови Wolf и SubZero.
Главната или мастер бања во спа стил, има исто така подови од природен камен, каде што и плочките се направени од истиот материјал. Кадата е многу пространа и има вграден туш. Станарите на овој пентхаус, исто така, ќе имаат пристап до приватен подземен паркинг, а тука се и услугите на фитнес центарот и други работи. Оваа луксузна станбена зграда комплетно ќе биде завршена во 2016 година.