Се работи за најскапиот апартман во Холандија, којшто треба да биде сместен во срцето на Амстердам. Овој масивен стан со површина од 1.440 м2, допрва треба да биде изграден.
Овој најскап пентхаус ќе биде поставен на целиот највисок кат од 90 метри високиот облакодер Pontsteiger, и во себе ќе содржи четири апартмани, и на тој начин ја добива својата „мега“ површина.
Облакодерот Pontsteiger е дело на холандската архитектонска фирма Arons en Gelauff.
Зградата има многу интересна форма и веќе го доби прекарот – „новата порта на Амстердам“.
Објектот ќе има околу 300 станови за изнајмување и 100 станови за продажба, како и своја приватна марина, со доволно простор за 45 јахти.