За продажба е огласена моментно најскапата куќа во Беверли Хилс, бидејќи за неа новиот сопственик ќе треба да издвои 100 милиони долари. Вилата се вика Opus и содржи седум спални, 11 бањи, два базени, водопад од 60 метри, велнес центар и други содржини.
Се простира на 6200 квадратни метри, а има и посебен вински подрум во кој се сместени 170 шишиња од шампањското Кристал.
Во пакет со куќата се продава и ексклузивен возен парк од 10 автомобили, меѓу кои и Ламборџини и Бентли во златна боја.
Агентот за недвижности од компанијата Hilton & Hyland, објавил интересен трејлер во кој е прикажан целиот раскош на многу интересен начин.