Оваа вила во Хајд Парк во Лондон е празна речиси три години – се чини дека е премногу скапа и за милијардерите. Нејзината цена е околу 437 милиони евра, со што стана најскапата вила во Велика Британија. Има површина од околу 6.000 м2, има повеќе од 40 спални соби, а на пазарот за недвижнини е од 2012 година, по смртта на својот последен сопственик, Султан бин Абдулазиз Ал Сауд, кралскиот принц на Саудиска Арабија. Првично била на продажба по цена од 550 милиони евра, што е двојно повеќе во однос на другата најскапа вила во оваа земја.
Седрик Емануел, извршниот директор на компанијата што е надлежна за продажбата на оваа вила, изјави дека добиле понуда за купување од 400 милиони евра и во моментов се разгледува понудата. „Сепак, мислам дека оваа вила вреди повеќе и дека ќе добиеме повеќе пари за неа“, констатира Емануел.
Овој имот е дизајниран од страна на реномираната фирма Alberto Pinto, кога вилата поминала процес на реновирање во деведесеттите години на 20 век. Луксузните предмети од брендовите како што се Barovier & Toso, Laudarte, Valderamobili, Baccarat, Christof и Baldy Home Jewels, го украсуваат ентериерот на оваа вила. Има 20 главни спални и 20 дополнителни кои се наменети за вработените.
Исто така, како дел од имотот, има голем базен, подземен паркинг и неколку лифтови.