Се работи за скапоцен и нов имот во Дубаи, изграден на вештачки остров Palm Jumeirah, кој неодамна се продаде по цена од 19 милиони евра. Со зборови навистина не може да се опише овој имот, дизајниран од страна на талентираните архитекти од LW Design Group. Овој неверојатен дом именуван M State, има 1.300 м2 луксузен простор за живеење.
Има шест спални соби, седум бањи, еден прекрасен „бескраен“ базен и приватна плажа. Се разбира, со овој имот оди и приватно пристаниште, како и приватно кино.
Со убави бели ѕидови, пространи балкони и лежалки до базенот, екстериерот на овој дом буквално може да ви го одземе здивот. Подеднакво и ентериерот е фантастичен – тој е минималистички, елегантен и со удобен стил, правејќи го овој дом совршено место за одмор и релаксација.
Како што дознавме, мебелот во оваа вила потекнува од дизајнерското студио Finas.