Речиси, станавме имуни на фактот дека домовите и куќите во Њујорк по десетици милиони долари. Меѓутоа, кога знаеме дека пентхаус во зградата „Вулворт“ ќе биде достапен за купување – ситуацијата значително се менува. Тој може да биде ваш дом ако имате 110 милиони долари.
Пред неколку години, компанијата Alchemy Properties ги купиле горните катови на овој облакодер во вредност од 68 милиони долари и го започнале процесот на редизајн. Пентхаузот за кој зборуваме е вистинска палата која се наоѓа во круната на зградата, со површина од околу 1.000 м2. Именуван како Pinnacle и ви нуди поглед на целиот Њујорк.
Според некои гласини, голем дел од ентериерот е сѐ уште сиров и неопремен, така што купувачите сами можат да одлучат што сакаат да направат. Зградата во готски стил во која се наоѓа пентхаусот претставува вистинско ремек-дело од теракота и не веруваме дека било кога ќе биде изградена градба како неа. Исто така, таа во понудата има удобности како што се клуб за здравје, спа со базен, сауна и џакузи, винарска визба и соба за дегустација.