LUCID AIR, технолошки исклучително напреден електричен автомобил, и една од најубавите лимузини, наскоро доаѓа на европскиот пазар. Премиерата на европско тло ќе биде означена со моделот Air Dream Edition, и тоа за две верзии, Range и Performance.
Дека станува збор за извонреден автомобил, најдобро зборуваат неговите перформанси. Забрзување до 100 km/h ќе може да се постигне за 2.7 секунди, додека дометот според WLTP му дури 900 km. Познати се и цените. Во Германија моделот стартува со цена од 218.000 евра, додека најповолна е цената во Норвешка – 180.000 евра. До крајот на годината, автомобилот ќе биде достапен и во Хрватска. На 13-ти мај, отворено е и првото претставништво на овој амарикански бренд во Европа, поточно во Минхен.