Насловна / Вести / Најпрофитабилна година во историјата на западните нафтени компании, 400 милијарди долари

Најпрофитабилна година во историјата на западните нафтени компании, 400 милијарди долари

Додека 2022 година предизвика тешкотии за многу луѓе ширум светот поради зголемената инфлација, војната во Украина и климатските катастрофи, за најголемите западни нафтени и гасни компании тоа беше година на невиден бум и рекорден раст на профитот.

Само петте најважни корпорации од индустријата за фосилни горива остварија заработка повеќе од 200 милијарди долари.

nn

Во парадата на годишните резултати објавени изминатата недела, големата петорка – „Ексон”, „Шеврон”, „Шел”, БП и „Тотал енерџис – сите открија дека минатата година била најпрофитабилна во нивната деловна историја, бидејќи растечките трошоци за нафта и гас, предизвикани делумно поради војната во Украина, им помогнале на приходите да добијат „турбо полнење“.

„Ексон“, нафтениот гигант од Тексас, води со рекордни 55,7 милијарди долари годишен профит. Оваа американска компанија во текот на минатата година заработувала околу 6,3 милиони долари секој час.

Калифорнискиот „Шеврон“ имал рекорден профит од 36,5 милијарди долари, додека „Шел“ ги забележа најдобрите резултати во својата 115-годишна историја, суфицит од 39,9 милијарди долари.

„Бритиш петрол” со седиште во Лондон, оствариле профит од 27,7 милијарди долари.

Француската компанија „Тотал енерџис“, исто така постигнала рекорд со 36,2 милијарди долари, пишува „Гардијан“.

n1

Кога ќе се соберат резултатите од 2022 на сите компании за нафта и гас со кои јавно се тргува, се очекува вкупниот профит да надмине 400 милијарди долари.

„Тоа е бројка што никогаш претходно не сме ја виделе, а е изградена врз грбот на работничките семејства кои биле жртви на нафтата и алчноста на раководителите на гасот“, вели Клер Мозер, заменичка извршен директор на американската активистичка група за климатските промени.

Испрати коментар

Scroll To Top